Кина соопшти денеска дека не гледа никаква врска меѓу последното истрелување ракета од страна на Северна Кореја и претстојната средба меѓу претседателот Си Џингпин и американскиот претседател Доналд Трамп, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Хуа Чунин.
Тој ова го изјави откако Северна Кореја изврши тестирање на балистичка ракета во водите покрај источното крајбрежје само еден ден пред средбата меѓу Трамп и Си.
Пекинг ги повика сите земји, кои некако се поврзани со овој настан, да покажат воздраност од ескалирање на ситуацијата.