– Не сум сретнал никој што се плаши од јазикот на другиот. Не ми е јасно како може пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да се плашат од албанскиот јазик, рече Зеќирија Ибрахими, од движењето БЕСА.
Тој даде неколку примери каде што, како што рече помалкуброен народ отколку Албанците во Македонија го користат својот јазик како официјален односно Косово, каде што српскиот јазик е официјален, а има 5% Срби и како финскиот јазик во Шведска.
– Во молам да внимавате со квалификациите за јазикот. Тие што се заканувате, да знаете дека нема да се оформи ниедна влада во која ќе влезе БЕСА, а да не се прифаќа албанскиот јазик, рече Ибрахими