Во Крива Паланка работилница од проектот „Граѓаните на прво место“

Од:

Подобрување на транспарентноста на единиците на локалните самоуправи преку воспоставување на стандарди за отворени и паметни податоци на локално ниво, е тема на работилницата што се одржа денеска во локалната самоуправа на Крива Паланка.

На работилницата беше презентиран извештај од истражувањето направено во рамки на проектот „Граѓаните на прво место“ на граѓанската организација „Центар за управување со промени“ којшто се имплементира во соработка со „Центарот за одржлив развој АЛКА“.

– Проектот се фокусира на подобрување на транспарентноста на единиците на локалните самоуправи преку воспоставување на стандарди за отворени и паметни податоци на локално ниво, со цел подобро вклучување на граѓаните и граѓанските организации во следењето на работата и донесувањето на одлуки од страна на општините. Проектот меѓу другото опфати изработка на насоки за отворени податоци на единиците на локалните самоуправи, во соработка со граѓанските организации, централните и локалните институции, а истражувањето е во насока на зголемување на свеста за потребата од отворени и паметни податоци на единиците на локалните самоуправи, истакна Елизабета Ѓоргиевска од „АЛКА“.

Проектот е во согласност со глобалната иницијатива за Отворено Владино Партнерство, кон која Владата на Република Македонија се приклучи во јуни 2012 година, а е темелен на проектот „Отворени податоци“ на Министерството за информатичко општество и администрација во кој се опфатени централните владини институции.

– Извештајот е презентиран во десетина општини, а покрај овие активности, спроведени се и обуки за разбирање и користење на презентираните информации и отворените податоци на локалните самоуправи, како и понатамошно воспоставување и подобрување на структурна комуникација и соработка на редовна основа помеѓу единиците на локалните самоуправи, локалните граѓански организации и државни институции преку мрежни партнерства кои ќе служат за размена на знаење и искуства, појасни Ѓоргиевска.

Проектот „Граѓаните на прво место“е одобрен од страна на Европската делегација преку Секторот за централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД) во рамки на Министерството за финансии, компонента за подобрување на вклученоста на граѓанското општество во креирањето на јавно мислење, политики и донесување на одлуки на национално и локално ниво. Проектните активности ќе траат до мај 2017 година.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден рудар од Крива Паланка

Во несреќен случај загина маж од Крива Паланка

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот