На Малата сцена на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес вечерва актерот Петар Темелковски премиерно ќе ја изведе монодрамата „Песни за татковината“.
Станува збор за авторски проект на актерот Темелковски по повод 75-годишнината од смртта на македонскиот поет, револуционер и хуманист Никола Јонков Вапцаров.
Монодрамата „Песни за татковината“ е дел од Годишната програма на театарот за 2017 година, а поддржан е од Министерството за култура на Република Македонија.