Обвинение за возачот што ја предизвика сообраќајката на патот Скопје – Велес во која загина 19 годишно момче

Од:

Основното јавно обвинителство – Скопје денеска до Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесе обвинителен акт против Ј.Д. за сторено кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст.2 во врска со чл.297 ст.1 и во врска чл.12 ст.2 во врска ст.1 од Кривичниот законик.

Настанот се случи на 20 септември минатата година на регионалниот пат Скопје – Велес. Обвинетиот управувајќи патничко моторно возило марка „мерцедес” удри во 19 годишно момче кое по десетина дена почина.

Врз основа на наодите во извештаите по издадените наредби, од страна на надлежен јавен обвинител утврдено е дека обвинетиот не се придржувал кон прописите за учество во сообраќајот. Во моментот на незгодата бил со битно намалена пресметливост и тежок степен на пијанство. Возилото го управувал во насока од Велес кон Скопје​, со недозволена и неприлагодена брзина кон условите и состојбата на патот и притоа удрил во момчето кое се движело по десната коловозна лента во спротивната насока.

Во текот на истражната постапка поради непочитување на мерката – куќен притвор истата беше заменета со мерка – притвор, поради што надлежниот јавен обвинител со обвинителниот акт до Основниот суд Скопје 1 – Скопје достави и предлог за продолжување на мерка – притвор за обвинетиот.​

Би можело да ве интересира

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски