По повод празникот Христово Воскресение-Велигден, Општина Илинден денеска во ,Домот на култура „Илинден” ќе ја отвори изложбата „Уметниците и Велигден” приредена од Климе Коробар.
Ќе бидат изложени дела на повеќе уметници, меѓу кои Васко Ташковски, Мирослав Масин, Владимир Георгиевски, Новица Трајковски, Данчо Ордев, Микица Тројкановиќ, Ѓото Чулаковски…
Секоја уметничка творба е придружена со филателистички знак, со поштенски марки издадени од Македонска пошта, на тема Велигден.
Изложбата ќе биде отворена за посетители до 17 април.