Фудбалскиот шампион на Јужна Америка, Коринтијанс ќе игра во финалето на Светското клупско првенство кое се одржува во јапонските градови Тојота и Јокохама.
Бразилскиот тим, денеска во првото полуфинале одиграно на „Тојота Стадион“, минимално со 1:0 го победи шампионот на Африка, тимот на Ал Ахли од Египет. Голот вреден финале за Коринтијанс го постигна Паоло Гереро во 30. минута.
Противник на Бразилците во борбата за трофејот ќе им биде победникот од второто полуфинале кое ќе се одигра утре меѓу европскиот шампион Челзи (Англија) и Монтереј (Мексико).
Големото финале ќе се одигра в недела.