Филмот за Буковската пипер побуди голем интерес кај германските гледачи

Од:

Минатата недела на германскиот канал Арте беше премиерно прикажан филмот за буковската пиперка, зачин што се употребува во македонската кујна.

Филмот е снимен во битолското село Буково, во септември 2016 година како дел од серијалот „На трпеза кај…“, чиј подуцент и режисер е Мирјана Момировиќ. Трае 26 минути, живописно го презентира животот на селаните во Буково, а во фокусот е семејството на Илинка Главевска преку кое е раскажана приказната за буковската пипер, нејзиното производство и преработка. Но, семејството Главевски со Момировиќ ги споделува и најавтетичните рецепти во кои се користи зачинот: тавче-гравче, солило, сарма со лозов лист, питулици,…

– Ова е серијал што ги поканува сите љубители на традиционалната храна да ги активираат своите сетила, гледајќи во кујните на семејствата од различни култури во Европа. Во потрага сме по локални специјалитети, занаетчиски сирења и вино, запознаваме луѓе кои се занимаваат со одгледување овци, риболовци,…, вели Момировиќ.

Според Слоу фуд Македонија која преку президиумот Буковска пипер работи на зачувување и промоција на автохтоното семе на овој вид зачин, филмот „На трпеза кај… – Македонија“ веднаш побудил интерес и за два дена простигнале неколку барања за зачинот и семето.

– Континуирано работиме на промоција на македонската гастрономија во светот. Резултатот е очигледен и претставува доплнителен мотив за производителите, велат од Слоу фуд.

Момировиќ е Босанка која живее и работи во Берлин, а потекнува од Сараево. Од 1992 година е слободен уметник. Работи за неколку германски телевизии. Автор и режисер е на серија епизоди посветени на традицијата, културата и гастрономијата на одделни региони. Во Македонија била двапати пред да одлучи каде, во кој регион да го сними филмот.

– Првиот пат бев на тура низ Македонија. Ги посетив Охрид, Дојран, Јанче, Матка. Едно од местата каде што се снимав беше селото Јанче, тука беше приказната за каменот „рубин“ и за виното од Повардарието. Вториот пат бев во Кратово, Струмица, Демир Капија, но се одлучив за Буково зашто сакав да ја претставам Македонија преку пиперките и се сконцентрирав на Пелагонскиот регион, објаснува авторката.

„На трпеза кај…“ е серијал од 200 епизоди. Досега се снимани во БиХ, Црна Гора, Јужна Србија, Јужна Далмација, Истра,…

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава