ВИДЕО: Општина Центар рано утринава ја урна дивоградбата на „Самоилова“ и „Никола Карев“

Од:

Општина Центар рано утринава, во 3:30, ја урна дивоградбата помеѓу улиците “Самоилова“ и “Никола Карев“. Со асистенција на МВР, градежна фирма избрана на тендер го изврши решението донесено од страна на овластен градежен инспектор на општината за отстранување на дива градба.

Ниту утрово на местото на дивоградбата не се појави инвеститорот на објектот, кој сеуште е непознат. Претходно, кога објектот беше во фаза на ископ, овластен инспектор донесе решение за враќање во првобитна состојба. Тогаш решението никој не го прими, а непознатиот инвеститор без одобрение продолжи со градбата.

Дека се работи за дивоградба, констатираа заеднички на увид инспекторот на општина Центар, заедно со градежен инспектор од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам. Неколкупати на објектот беше оставана покана инвеститорот да дојде во општина Центар, но на ова никој не се одѕва.

Дивото градилиште два пати беше затворано со цел да се постапи по решението за отстранување на градбата.

Градоначалникот на општина Центар ги потпиша документите и барањето до МВР за да може да се започне со постапката за извршување.

По добиената согласност од МВР, рано утринава се пристапи кон уривање на објектот.

Центар внимателно ќе ја следи состојбата на терен и нема да дозволи дивоградби на територија на општината, се вели во соопштението на општина Центар.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории