ЖРК Металург го освои трофејот во кадетската ракометна лига

Од:

ЖРК Металург е победник на „Фајнл Фор“ турнирот во кадетска женска конкуренција што се играше викендов во салата „Билјанини Извори“ во Охрид.

Во финалната средба, Металург го совлада Вардар СЦЈС со 26:21 и се закити со златниот медал, додека во натпреварот за бронзата, домаќинот Лихнид славеше против Куманово со 25:21.

Пред овие две средби, одиграни беа и полуфиналните натпревари во кои Металург беше убедлив против Лихнид остварувајќи победа од 28:10, додека Вардар СЦЈС во тесен натпревар го победи Куманово со 23:22.

За најдобар играч на турнирот прогласена беше Јана Калајџиевска од Металург, додека најдобар стрелец беше Мила Трајковиќ од Куманово. Признанието за најдобар голман го доби Јована Мицевска од Вардар СЦЈС.

Во идеалниот тим на турнирот се најдоа:

Јована Мицевска (голман) – Вардар СЦЈС
Билјана Диневска (лево крило) – Вардар СЦЈС
Јана Калајџиевска (лев бек) – Металург
Мила Трајковиќ (среден бек) – Куманово
Тамара Ивановска (десен бек) – Куманово
Јована Кипријанова (десно крило) – Куманово
Ивона Блажевска (пикер) – Лихнид.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска