Официјален Мадрид денеска побара од Лондон „да не го губи разумот“ околу прашањето за Гибралтар, по „ѕвецкањето со оружје’ и заканите кон Шпанија на поранашениот лидер на британската Конзервативна партија и некогашен министер Мајкл Хауард.
Тој вчера побара од британската премиерка Тереза Меј да го „одбрани соверенитетот на Гибралтар, онака како што Маргарет Тачер го бранеше и го одбрани суверенитетот на Фокландските Острови пред 35 години“.
Шпанското Министерство за надворешни работи изрази големо изненадување од тонот на изјавите и коментарите во британскиот главен град, не наоѓајќи никакво оправдување за тоа.
– Смирете ги страстите и темпараментот. Тоа не е и доликува на земја позната по својата смиреност, изјави шефот на шпанската дипломатија Алфонсо Дастис.
Ваквата изјава на Дастис доаѓа по бурните реакции во британската политичка јавност на објавениот нацрт-план на ЕУ за прашањата и темите во преговороте со Велика Британија околу Брегзит, во кој се предвидува давање овластување на Шпанија за иднината на Гибралтар.
Во Лондон тоа е оценето како давање право на вето на Шпанија за секој иден трговски договор меѓу Велика Британија и ЕУ и како поделен суверенитет меѓу Мадрид и Лондон за оваа британска прекуморска територија на крајниот југ на Пиринејскиот Полуостров.
Прв реагираше шефот на британскиот Форин Офис Борис Џонсон кој порача дека нема да има промена на суверенитетот на Гибралтар без Валика Британија и „народот на Гибралтар“.
Меј, која некои британски медиуми ја обвинија дека во своето писмо од 29 март до Европскиот совет со кое започна процесот на Брегзит, не го споменала Гибралтар, во телефонски разговор со гибралтарскиот главен министер Фабијан Пикардо го уверувала дека ќе се избори за најдоброто можно решение во претстојните преговори со ЕУ.
Воинствената изјава на Хауард, меѓутоа, предизвика бурна реакција и во Лондон, па целата опозизија ја осуди како неразимна и штетна за британските интереси во време кога уште не се ниту започнати преговорите за Брегзит.
Поранешниот британсјки министер за надворешни работи Џек Стро за радио Би-Би-Си изјавата на Хуаард ја нарече „апсурдна“ и пример за „национализам и шовинизам, својствени за 19 век“.
– Искрено се сомневам дека токму прашањето на Гибралтар ќе го попречи постигнувањето договор со ЕУ, изјави Стро.