„Скалила кон рајот“ самостојна изложба на Љупчо Бојаров

Од:

Академскиот сликар Љупчо Бојаров утре вечер на 4 април во Културно информативниот центар во Скопје ќе се претстави со својата 19-та по ред самостојна изложба насловена „Скалила кон рајот“.

Станува збор за нов циклус ликовни дела – објекти, изработени во жица, природен камен во барељев, стакло и трева.

– Во комбинација на овие материјали претставен е обид на ликовно остварување на емотивна материјализација на праисконското духовно воздигнување кон рајот, вели авторот Бојаров.

Изработката на делата, посочува авторот, се искусување низ нов медиум да се претстави постојаниот интимен творечки мотив.

Во каталогот за изложбата се поместени три цитати од Библијата на македонски, на грчки, на руски и на српски јазик. Изложбата „Скалила кон рајот“ е посветена на сестра Илијана, игуманијата Марковиот манастир – Свети Димитрија, еден најстарите и најзначајните македонски духовни, културни и просветителски центри.

По „Скалила на рајот“ ќе следува и изложба со која уметникот ќе се претстави со поголем формат на овие дела.

Изложбата ќе биде отворена утре во 20 часот во изложбениот салон „Империјал 1“ во Културно-информативниот центар во Скопје.

Љупчо Бојаров дипломира на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) во Скопје во 1984 година, и оттогаш е член на ДЛУМ. Учесник е на стотина групни изложби во Македонија и во поранешна СФРЈ, почнувајќи од Скопје, Белград, Нови Сад, Сараево итн. Љубителите на уметноста имале можност, освен во Европа (Англија, Франција, Шпанија, Чешка, Словачка, Унгарија, Шведска, Италија) неговите дела да ги видат и во САД и во Египет.

Покрај самостојните изложби во Скопје, Бојаров повеќепати со свои дела гостувал во Белград, Будва, Малме и во други европски градови. Добитник е на повеќе награди на државно и на меѓународно ниво за најдобра графика, меѓу кои: „Св. Климент Охридски“, „Моша Пијаде, ДЛУМ”, „Emerging Artist” за графика на 5. Меѓународно анале, „Diploma of Eceleent”, „Гуте Аврамовски”, „Premio-Acuisto Del’ Aministracione comunale di RHO”, „XXXII Premio internazionale di grafika“ итн.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

Изложба „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска во Битола

„Уживање“ – изложба на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева во Галерија МКЦ

А1он

Во галеријата КО-РА отворени изложбите на Петра Јовановска и на Рафаел Ристовски