Андовски на состанок на министрите за здравство на ЈИЕ во Кишињев

Од:

Заменик – министерот за здравство, Јовица Андовски денеска присуствува на четвртиот министерски состанок на министрите за здравство на Југоисточна Европа, кој се одржува во Кишињев, Република Молдавија, на покана на молдавскиот министер за здравство Роксанда Главан, која е претседавач на здравствената мрежа на ЈИЕ и регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, Сузана Јакаб.

Министерството за здравство соопшти дека на состанокот, кој завршува утре, присуствуваат високи претставници на владите во регионот на Југоисточна Европа и пошироко.

Темата на четвртиот министерски состанок, како што се наведува, е „Унапредување и благосостојба на здравјето во Југоисточна Европа 2030“, во насока на воведување заеднички субрегионални и национални активности во регионот на Југоисточна Европа за спроведување и остварување на целите за одржлив развој на Обединетите нации, со цел унапредување на здравјето, како и унапредување на еднаквоста и одговорноста во здравствените системи.

Темите за дискусија опфаќаат состојба и предизвици на незаразните болести, универзални здравствени услуги, прекугранично јавно здравство, итни случаи и миграција, како и заеднички напори за решавање на прашањата поврзани со социо-економските детерминанти на здравјето.

Oд Министерството за здравство посочуваат дека во рамки на четвртиот министерски состанок ќе се разгледува ефикасноста на здравствената мрежа на Југоисточна Европа во изминатите 15 години, како и националните капацитети, во насока на идентификување можности за идна соработка.

Регионалната соработка за јавно здравје беше формализирана кога министрите за здравство на земјите – членки на здравствената мрежа на Југоисточна Европа, едногласно ги усвоија Повелбата во Дубровник, во Скопје и во Бања Лука за нивната посветеност кон заедничките интереси за унапредување на здравјето на регионално ниво.

На маргините на четвртиот министерски состанок во Кишињев, Андовски ќе оствари повеќе билатерални средби, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада