Кливленд по две продолжение подобар од Индијана

Од:

На шампионот Кливленд му беа потребни дури две продолжени да го скрши отпорот на Индијана и да ја запише 49-та победа оваа сезона во НБА лигата.

Најдобар играч во победничката екипа беше Леброн Џејмс со трипл-дабл ефект – 41 поен, 16 скока и 11 асистенции.

Нов трипл-дабл оствари и кошаркарот на Оклахома Расел Вестбурк. За него ова беше 40-ти сезонски (40 поени, 13 скока и 10 асистенции) и петти во низа со постигнати повеќе од 30 поени. Но, и тоа не беше доволно неговуиот тим да го избегне поразот од Шарлот.

Резултати на синоќа одиграните дуели во НБА лигата:
Њујорк – Бостон 94:110,
Оклахома – Шарлот 101:113,
ЛА Лејкерс – Мемфис 108:103,
Милвоки – Далас 105:109,
Сан Антонио – Јута 109:103,
Бруклин – Атланта 91:82,
Кливленд – Индијана 135:130 (по продолженија),
Мајами – Денвер 113:116,
Њу Орлеанс – Чикаго 110:117,
Торонто – Филаделфија 113:105,
Голден Стејт – Вашингтон 139:115 и
Феникс – Хјустон 116:123.

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 63-14 (победи-порази), Сан Антонио 59-17, Хјустон 52-25, Јута 47-30, ЛА Клиперс 47-31, Оклахома Сити 43-33, Мемфис 42-35, Портланд 38-38,…

Пласман Источна конференција: Бостон 50-27 (победи-порази), Кливленд 49-27, Торонто 47-30, Вашингтон 46-31, Милвоки 40-37, Атланта 39-38, Чикаго 38-39, Мајами 37-40, Индијана 37-40,…

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот