Екипата на Цедевита е првиот финалист во АБА лигата откако синоќа во „мајсторката“ го победи Партизан со 87:78 (20:14, 27:22, 22:27 и 18:15).
Освен во вториот период, гостите од Белград не успеваа да им се спротивстават на домашните кошаркари. Хрватскиот шампион иако се соочи со повредени играчи и остана уште на почетокот без најдобриот играч Рајан Боутрајт, а подоцна и Марко Араповиќ, сепак најде сили да го елиминира белградскиот тим.
Миро Билан со 16 поени беше најефикасен во победничкито состав, исто толку постигна Вилијам Хечер за Партизан.
Другиот финалист ќе биде познат утревечер по одигрување на решавачкиот трет меч меѓу бранителот на трофејот Црвена звезда и Будуќност.