Вардар подобар од Работнички во дербито на колото

Од:

Шампионот Вардар заслужено стигна до победата над Работнички во дербито на 24.коло од Првата фудбалска лига.

„Црвено-црните“ триумфот го остварија со головите на Дамир Којашевиќ во 39.минута и на Бобан Николов во 90+2 минута.

На петте дуели од оваа рунда гостите освоија само еден бод и тоа последнопласираната Брегалница на гостувањето кај Победа.

Резултати: Вардар – Работнички 2:0, Силекс – Ренова 3:0, Шкендија – Македонија ЃП 5:1, Победа – Брегалница 0:0 и Шкупи – Пелистер 1:0.

Табела: Вардар 56 бодови, Шкендија 50, Работнички 39, Пелистер 36, Силекс 34, Ренова 31, Шкупи 25, Победа 21, Македонија ЃП 16, Брегалница 13.

Би можело да ве интересира

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска

Бод против Бугарија во Разград: Македонија беше подобра, но не победи

А1он

Пеналите одредија три полуфиналисти во македонскиот куп

А1он

Четвртфиналните натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија се одигруваат утре

А1он

Милевски: Италија е фаворит, но за исходот ќе се прашуваме и ние

А1он

Пораз на македонските фудбалерки од Северна Ирска

А1он