Маскенбал во ООУ во Центар: Исчистете го домот од опасниот отпад

Од:

Учениците од седумте основни училишта во општина Центар на свој, креативен начин ја покажаа опасноста и како треба да се селектира и рециклира електронскиот и електричниот отпад.

На Еко маскенбалот продефилираа маски во вид на шпорети, бојлери, батерии, пегли, автомати, роботи, таблети, телевизори, фрижидери.

Децата и низ стихови и мисли го кажаа својот позитивен и јасен став дека секоја треба да се грижи за здрави и чиста животна средина. Градоначалникот Андреј Жерновски вети дека тој како градоначалник и општина Центар прават и ќе прават општина Центар да биде пример за зелена општина, а на идните генерации да им оставиме место за живеење какво што и ние сме наследиле.

Жирито во состав Андреј Жерновски-градоначалник, Јагода Јанковска-раководите на одделение за образование во општината и претставник на „Нула отпад“, која е организатор на акцијата „ Еко акција во општина Центар-исчистете го домот од опасниот опад ги избра најдобрите маски.

Андреј Ралевски со маска робот, го освои првото место и од „Нула отпад“ доби како награда скутер.

Зора Ѓоргоска со маска фрижидер како второ пласирана доби велосипед и Еве Тошевска со маска апарат за храна го освои третото место и доби таблет.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории