ВМРО-ДПМНЕ: Мора час поскоро да се организираат нови избори

Од:

„Многу посилни непријатели не успеале да ја победат волјата на македонскиот народ и да ја скршат неговата љубов кон сопствената татковина. Во тоа нема да успее ниту аболицираниот криминалец Зоран Заев.

Со секој изминат ден станува се појасно дека граѓаните нема да дозволат Македонија да биде водена од Тиранска влада која ќе реализира Тирански Платформи.

Народот на 11-ти декември не гласаше ниту за нов закон за јазици со кој што албанскиот ќе стане официјален на цела територија, ниту за двојазични банкноти или двојазични униформи. Народот не гласаше за отварање дебати за менување на химната, грбот и знамето, ниту за осуда на наводниот геноцид врз Албанците.

Народот не гласаше за кантонизација и федерализација, а никој не го праша ниту за промена на уставното име заради брз влез во ЕУ и НАТО.

Сите овие антидржавни и антинационални теми му беа наметнати после избори, измамнички и кукавички, со една единствена цел, Заев и криминогеното раководство на СДС да формираат Влада, иако загубија на изборите.

Аболицираниот Заев и криминогеното раководство на СДС се силно уценети. Формирањето влада тие го гледаат како спас од одговорност за криминалот што го направиле. Тие мислат дека на тој начин, со тргување со највисоките државни и национални интереси, би се спасиле од долгогодишните казни затвор што им се закануваат.

Ваквото однесување е срамно и неприфатливо. Не треба да се чека ниту ден повеќе и да се губи драгоцено време. Очигледно е дека криминогеното раководство на СДС не се откажува од реализација на Тиранската Платформа. Затоа мора час поскоро да се организираат избори на кои граѓаните ќе кажат што мислат околу договорот на аболицираниот криминалец Зоран Заев.

Во спротивно гневот и револтот на народот ќе продолжат да раснат.

Затоа народот е на нозе!

Затоа Македонија се буди“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито