Научен симпозиум во Куманово за германската драма во РМ

Од:

Во рамки на проектот „Европската драма и театар во Република Македонија“, Универзитетот за аудиовизуелни уметности-ЕСРА во Куманово го организира меѓународниот научен симпозиум „Германската драма во Република Македонија“. Денеска, универзитетски професори и други еминентни личности,ги презентираа своите согледувања за присуството на германската драма и театар во државата, бидејќи досега како што наведуваат од ЕСРА изведени се над 130 претстави од германски автори.

Германската драмска литература е прва од проектот „Европската драма и театар во Република Македонија“, кој почнува оваа учебна година и е во план да трае до 2030 година.

– Научно истражувачкиот мега проект Европскиот театар и драматургија во Македонија од 1945 година до денеска започнува во Куманово, град со голема културна традиција и ќе се остварува следните 30-тина години, бидејќи ќе реализира една духовна рамка на македонската меморија низ овие децении на културната афирмација на македонскиот идентитет во светот, со презентирање на европските драматургии и театар. Започнува со германската драма и театар во Македонија, рече Јордан Плевнаш од Универзитетот за Аудиовизуелни Уметности – Европска Филмска Академија ЕСРА.

Почесниот професор на универзитетот Ристе Стефановски, рече дека не очекувал толку голем број одржани германски претстави во градовите низ Македнија.

– Ќе се осврнам за поранешните години дури од турското ропство кога во Македонија некоја друга претстава била германска Геновева, па се до денешните, иако бев присутен на речиси сите театарски претстави во последните години, ме зачудуваше една бројка од околу 150 претстави одиграни од Германија, рече Стефановски.

Идејата на проектот е секоја година да бидат претставувани преку повеќе содржини и активности по две европски земји, од кои една од Балканот, а претставувањето да биде во различни општини во Македонија.
Брајан Мајклс од Универзитет од Есен, Германија, смета дека е многу тешко да се претстави германската култура надвор од нејзините граници.

Германските театарски структури се специфични, многу посебни, има многу театари кои работат под субвенции,премногу според мене. Тие структури произведуваат една затвореност, во современиот театар денес е многу важен односот на постдраматургијата и сметам дека за мене поинтресно е да се зборува на таа тема“-истакна Мајклс.

На овој научно-истражувачки проект работи меѓународна група универзитетски професори и истакнати театролози, новинари, критичари и историчари на театарот, и има цел да даде конкретен придонес за натамошното зближување на нашата култура со европските духовни вредности, информира ЕСРА.

Тридневниот настан започна синоќа, во Занаетчискиот дом во Куманово со изложба на фотографии на најиграните германски автори во Македонија (Бихнер, Гете, Шилер, Ман, Ниче, Милер, Брехт).На настанот,вчера присуствуваа германската амбасадорка во државата, Кристине Алтхаузер, градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски и ректорот на ЕСРА, Јордан Плевнеш.

– Ова е еден огромен проект во кој што треба во иднина да се одржат до 30 различни драматургии да се претстават и е направен на високо ниво. Многу е важно, што денес луѓето тука треба да се спојат заедно, да разговараат и да започнат нешто и ми е драго што сме ние пристуни на овој прв настан, изјави германската амбасадорка во Македонија,Кристине Алтхаузер.

Градоначалникот на општина Куманово изјави дека преку овој настан се промовираат европската драма, конкретно германската.

– Чест е да се биде домаќин на ваков настан и се надевам на широка прифатеност меѓу кумановци, изјави Дамјановски.

Во рамки на настанот ќе бидат презентирани две антологии на германската драма во Македонија, приредени специјално за симпозиумот, а студентите на актерска игра од ЕСРА, во класата на професорот Мето Јовановски, ќе изведат перформанс инспириран од германски автори.

Би можело да ве интересира

Се утврдува причинaтa за смртта на родилката од Куманово, новороденчето e на скопските клиники

Горан Наумовски

31-годишна родилка почина во Општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Полицијата уапси кумановец поради предизвикување пожар

Изгаснат е пожарот во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово

ВИДЕО: Невреме во Куманово, делови без струја, паднати покриви, одрони

МВР трага по 18-годишно момче од Куманово

Горан Наумовски