ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема кредибилитет да зборува за здравствениот систем

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на прес конференцијата на Злате Мехмедовик и соопштението на СДСМ тема здравство.

„СДСМ ќе направи се само за да ја дефокусира јавноста од нивната антидржавна политика и прифаќањето на Тиранската Платформа.

Секогаш кога СДСМ нема одговор на прашањето дали ќе се откаже од Тиранската Платформа и од редефинрање на државата, испраќа соопштенија и држи прес конференци полни со манипулации и конструкции.

СДСМ нема кредибилитет да зборува за здравствениот систем во Република Македонија.

Кога СДСМ беше на власт не мрдна со прст и го остави македонскиот здравствен систем како последно рангиран и најлош здравствен систем во Европа.

Општо познато е дека во време на СДСМ се купуваа стентови на црно, пациентите со малигни заболувања за зрачна терапија плаќаа огромни суми на пари во странство, граѓаните немаа можност да закажат преглед кај доктор, докторите им беа недостижни и чекаа огромни редици пред ординациите не знаејќи дали воопшто ќе бидат прегледани. Докторите во време на СДСМ сонуваа за државна кардиохирургија и детска кардиохирургија.

ВМРО-ДПМНЕ во изминатите години посебен фокус стави на развој и унапредување на здравствениот систем. За таа цел се спроведоа голем број на мерки и реформи и се набави нова опрема.

Во тек е спроведувањето на историски најголем инвестициски циклус во еден момент во здравствена инфраструктура, во вредност над 74.6 милиони евра.

Изградена е нова Детска болница во Козле, според врвните светски стандарди за лекување и третман на најмладите пациенти.

Интензивно се одвиваат градежните работи за изградба на нова клиничка болница во Штип – инвестиција вредна околу 56 милиони евра.

Во тек се и реконструкциите на болниците во Прилеп, Струмица, Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, веќе е реконструирана болницата во Велес, а болницата во Битола доби комплетно нов лик со надворешната реконструкција.

Во македонското здравство се инвестирани над 115 милиони евра за набавка на нова, најсовремена медицинска опрема со која сериозно се подигна квалитетот на здравствените услуги, а веќе отпочна реализацијата на нов инвестициски циклус во нова медицинска опрема за над 100 јавни здравствени установи низ целата држава, вреден 33 милиони евра.

Кадарот во здравството во изминатите неколку години е зајакнат со околу 4000 лица, со вработувања или со трансформација во редовен работен однос.

Над 2.800 здравствени работници се едуцирани во врвни медицински центри во Европа и светот.

Десеткратно е зголемен бројот на специјализации на докторите кои се доделуваат годишно.

За првпат во Македонија е отворена државна кардиохирургија, што беше сон на многу генерации во македонското здравство и македонскиот здравствен систем.

Со намалувањата на цените на лековите се опфатени околу 5.000 лекови, а заштедата во системот изнесува околу 33.5 милиони евра.

Денес како резултат на реформите и проектите на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ македонското здравство е помеѓу најдобрите во регионот и Европа.

Според европскиот здравствен потрошувачки индекс, македонското здравство е подобро рангирано од поголем број развиени европски земји и земји од регионот меѓу кои: Италија, Ирска, Унгарија, Полска, Литванија, Грција, Романија, Бугарија, Албанија, Србија, Црна Гора.

СДСМ нека не продава лажна грижа за граѓаните преку манипулативни соопштенија и прес конференции. Граѓаните паметат и знаат што значат нивните празни ветувања.

СДСМ ќе покажат вистинска грижа за граѓаните во оној момент кога ќе ја отфрлат антидржавната Тиранска Платформа со која планира да ја редефинираат Македонија“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Седум години СДС со ДУИ молчеа на сите провокации

СДСМ: Јаловите напади на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за нивната нервоза и страв од промените

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче во раководството има само верни слуги на Заев

(ВИДЕО) Лефков: Аврамовска Мадиќ не може да е ново лице во СДС

ВМРО-ДПМНЕ: Аврамовска Мадиќ ја интересираат само големи месечни хонорари и местење милионски тендери

Стојаноска: 250 милиони евра годишно ќе одат за општините, а СДС додека беа на власт камче не фрлија