Разбиена група што препродавала дрога

Од:

Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во координирана соработка со Секторот за криминалистички истраги – единица за недозволена трговија со дрога при Министерството за внатрешни работи, разби уште една група што во изминатиот период се занимавала со препродажба на наркотици.

– Постапувајќи по поднесената кривична пријава против две лица, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесе предлог за определување на мерка притвор за осомничените. На лицата им се става на товар дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.3 од Кривичниот законик, соопшти ЈОРМ.

Основите на сомнение, како што велат оттаму, произлегуваат од претходно прибавени докази дека осомничените во септември 2016 година неовластено, а заради продажба купиле и продале наркотична дрога – марихуана со тежина од 805 грама во близина на средното училиште „Никола Карев“ во населбата Карпош во Скопје​.

Едното од лицата, вчера во раните утрински часови е запрено на граничниот премин Деве Баир при обид за излез од Република Македонија и е задржано и лишено од слобода.

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

Запленети се 21 тон дрога со висок квалитет

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

Инцидент на „Блаце“: Косовски државјанин оттурна цариник, фрлаше oружје за да се спаси

Горан Наумовски

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски