Демонстранти го запалија Конгресот на Парагвај во Асунсион

Од:

Демонстранти го запалија Конгресот на Парагвај, откако Сенатот во тајност изгласа измена на Уставот со која на претседателот Хорацио Картес му се дозволуава повторно да се кандидира за функцијата.

Неколку политичари и новинари се повредени, соопштија медиумите, а министерот за внатрешни работи, Тадео Рохас, изјави дека има и неколку повредени полицајци.

Член на Долниот дом на Конгресот, кој учествувал на протестите, бил подложен на хируршки зафат заради повредите кои му биле нанесени со гумени куршуми.

Парагвајскиот Устав од 1992 година забранува повторно кандидирање, откако во 1989 година беше соборен бруталниот диктаторски режим.

-Извршен е државен удар. Ќе дадеме отпор и го повикуваме народот тоа да го стори со нас, изјави сенаторот Десире Маси од опозициската Прогресивна демократска партија, јавија британските медиуми.

Пожарникарите успеале да ја совладаат огнената стихија, но протестите продолжиле и во други делови на главниот град на Парагвај, Асунсион, како и ширум земјата, јавуваат локалните медиуми.

Во телевизиски пренос е прикажано како демонстрантите ги кршат прозорците од Конгресот и влегуваат во отворен судар со полицијата, притоа палејќи гуми и отстранувајќи делови од оградата околу зградата.

Полицијата користела солзавец и гумени куршуми.

Би можело да ве интересира

Загина Валтер Хармс и уште тројца негови соработници

Парагвај има нов претседател

Ана Ололовска

ВИДЕО: Дилер во Парагвај силувал и убил девојче кое го купил од мајка му, снимен како ја носи

Ана Ололовска

Во Парагвај запленети рекордни 3,4 тони кокаин

Ана Ололовска

Во Парагвај сменети три министри поради насилните протести

Ана Ололовска

ВИДЕО: Гумени куршуми и солзавец на протестите во Парагвај против слабиот одговор на владата кон Ковид-19

Ана Ололовска