Почна сезоната на изнајмување велосипеди во Скопје

Од:

Од денеска секој ден во периодот од 7 до 22 часот на пет локации во Скопје граѓаните ќе можат да изнајмат велосипед по цена од 10 денари за час, информираат од Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје.

Велосипедите ќе можат да се изнајмат во катната гаража „Македонска Фаланга“, јавните паркиралишта Градска општа болница и Градска општа болница „8 Септември“, јавната површина наменета за паркирање зона Д3 позади ТЦ Бисер во општина Аеродром и јавното паркиралиште Треска.

– Целта на проектот „Изнајми велосипед“е да се подигне нивото на еко свеста кај граѓаните, да се намали градскиот метеж, како и да се подобри социјалниот живот на граѓаните, велат од ЈП Градски паркинг.

Оттаму информираат дека од утре ќе бидат пуштени и електромобилите кои ќе бидат поставени на плоштадот Македонија, кај споменикот „Воинот на коњ“ со цел туристичко разгледување на централното градско подрачје и културните знаменитости.

– Цената за едно лице, за едно возење изнесува 50 денари, а капацитетот на едно возило е четири лица (3+1-возач), посочуваат од ЈП Градски паркинг.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Запалени три возила во Аеродром, штетат е голема, полицијата уапси двајца пиромани

Горан Наумовски

Шукова од Кисела Вода: Имаме решенија загадувањето да не биде зимска судбина за Скопје

Влен: Синоќа Скопјe беше трансформирано во центар на албанското единство

Горан Наумовски

Во недела ќе биде осветен Храмот „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје

„Орце за 72 часа ќе направи генералка во Скопје, а потоа ќе следи одговорност“, вели Мицкоски

Ѓорѓиевски најави пошумување на Скопје, како и 50 мали маалски паркови

Горан Наумовски