Концерт на Биг-бендот на Здружението на џез-музичари и слободни уметници

Од:

Во рамки на 40. Денови на македонска музика, вечер во Дом на АРМ концерт ќе одржи Биг-бендот на Здружението на џез-музичари и слободни уметници, под диригентство на Џијан Емин.

На концертната програма се дела на композиторите Владимир Николов, Кокан Димушевски, Антонијо Китановски, Драган Ѓаконовски-Шпато, Александар Џамбазов, Кире Костов и Живојин Глишиќ.

Следниот фестивалски настан на годинашните Денови на македонска музика е на 3 април на малата сцена во Македонската опера и балет каде што ќе биде изведен концерт со акузматична муизка со танцов перформанс во кореографија на Елена Антонова-Петровиќ.

Изведувачи ќе бидат ученици и студенти по современ танц од Музичко-балетскиот училишен центар „Илија Николовски-Луј“ и од Факултетот за музичка уметност-Скопје.

На програмата на овој концерт се дела од Кокан Димушевски, Влатко Георгиев, Дарија Андовска и Андреј Блажевски.

Би можело да ве интересира

Започнува 6.издание на Џез фактори фестивалот во Битола

Ана Ололовска

Светски познатиот пијанист Дејан Илијиќ и стипендист на Беркли настапува вечерва на „Крај Вардарот Џез“

Ана Ололовска

Почнува фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во Македонска филхармонија

Ана Ололовска

Џез фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во Македонска филхармонија

Ана Ололовска

Во недела започнува Фестивалот на џез, ворлд и современа музика во Велес

Горан Наумовски

Концерт на Младинскиот оркестар при ЦК „Трајко Прокопиев“ во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска