Две лица приведени за инцидентот со знамето во Куманово

Од:

Две лица се приведени во врска со инцидентот што се случи денеска околу 16 часот на плоштадот во Куманово, кога македонското државно знаме било спуштено на подолната зона на јарболот, а на горната зона било поставено албанското знаме.

Според информациите од полицијата, едниот од приведените е малолетник од Слупчане, роден 2000 година, а вториот е Љ.К роден 1996 година, исто така, од Слупчане.

Од полицијата информираат дека работат на целосно расчистување на случајот.

Албанското знаме е симнато од јарболот, a во моментов државното македонско знаме е на половина јарбол и е прикачено делумно за рефлекторите кои се поставени на него.

Мотивите за овој инцидент не се познати, а детали од полицијата најавуваат за утре.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он