Грчката црква против работењето на продавниците во недела

Од:

Грчкиот архиепископ Јероним се изјасни против работењето на продавниците во недела, објави електронското издание на грчкиот весник „Нафтемборики“.

– Се занимаваме само со бројки и ги забораваме душите. Кога трговците ќе си ги видат своите деца, кога ќе си ги видат семејствата, кога ќе се одморат и ќе ги обноват силите?, коментира грчкиот архиепископ, откако вчера се сретна со министерот за труд Јанис Вруцис.

Предлог-законот на Министерството за развој предвидува продавниците до 250 метри квадратни да работат во недела. Од Министерството изјавија дека целта на промената е да се даде стимул Грција да ја посетуваат странски потрошувачи, да се зголеми конкуренцијата, а малите и средни претпријатија да ги зголемат приходите.

Трговци и синдикати, меѓутоа, остро реагираа на веста, а опозицијата ја нарече промената „смртоносен истрел врз малиот и среден бизнис“.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски