Самовили и гусари, Супермени и принцези, бубамари и пчелички, нинџа желки и Црвенкапа, вака маскирани 150-тина деца од трите градинки од општина Центар, измамија многу насмевки, многу смеа, забава и позитивна енергија кај присутните на фестивалот „Во светот на насмевките“. Смеата, велат, е крива која ги исправа сите неправди на светот.
„Фестивалот ‘Во светот на насмевките’, општина Центар го организира по вторпат и ќе направиме се’ за да стане традиција, бидејќи наша задача е да направиме се’ за нашите најмлади и најмили секогаш да бидат вака насмеани. Ова секако не мотивира да работиме уште повеќе, за нивно добро“, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.
А, за насмевките на лицата кај децата придонесоа и топките, хулахопите, лулашките, лизгалките и лулашките, подарок од општина Центар за нивната креативност и успешни настапи.
Фестивалот „Во светот на насмевките“ се одржува по повод 1-ви април, Денот на шегата, се вели во соопштението на општина Центар.