Димитриев: Членството во НАТО е предизвик со кој се соочуваме веќе 19 години

Од:

Членството во НАТО претставува еден од врвните приоритети на надворешната и одбранбената политика на Република Македонија. Членството во Алијансата е предизвик со кој во континуитет се соочуваме веќе 19 години, нагласи заменик-министерот за одбрана Емил Димитриев во обраќањето денеска пред претставниците на НАТО-Колеџот за одбрана од Рим кои престојуваат во посета на Република Македонија.

Македонија во остварувањето на овој стратешки приоритет, нагласи тој, презеде длабоки и сеопфатни реформски процеси во сите области, но и покрај тоа, подвлече, поканата за членство се уште не е добиена.

– Политичкиот консензус и силната јавната поддршка од над 80 проценти за членство на Македонија во Алијансата е гаранција за цврстата определба на македонските граѓани за целосно достигнување на евроатлантските стандарди, рече Димитриев.

Тој се осврна на одбранбените реформи, при што истакна дека трансформацијата резултираше со целосно професионална вооружена сила, трансформирана командна структура и единици, ефективни и интероперативни вооружени сили со поголеми способности за поддршка на операциите надвор од националната територија.

– И покрај повеќегодишната пречка што Република Македонија ја има на патот кон членстов во НАТО, посветеноста на нашата земја кон спроведувањето на одбранбените реформи продолжува со несмален интензитет. На Република Македонија недвојбено НАТО и е потребен, но и на НАТО му е потребна Македонија, потенцира меѓу другото заменик-министерот за одбрана.

Во посета на Македонија меѓу останатите е и Ричард Д.Хукер декан на НАТО колеџот за одбрана. Член е и на Советот за надворешни работи, меѓународниот Институт за безбедносни студии и Советот за истражувања во полето на меѓународната политика.

НАТО колеџот е започнува со работа во ноември 1951 година во Париз, својата мисија ја продолжува во Рим и тоа меѓу другото да придонесе кон ефективноста и кохезијата на Алијансата, да развие центар за едукација, образование и истражување. Студиската посета на Република Македонија е реализирана прв пат во 2007 година.

Би можело да ве интересира

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени

Полска предупредува на руска ескалација, НАТО вели армијата и оружјето се подготвени

(ВИДЕО) Фицо: Нема да војуваме поради некаков „член 5“

Борбен авион на НАТО собори дрон над Литванија

Медведев: „Русија може да го погоди Киев и НАТО, да остане само нуклеарна прашина“

НАТО ја повика ЕУ да го зголеми притисокот врз Русија и поддршката за Украина