Мирното решавање на работните спорови поекономично, досега решени четири случаи

Од:

Решавањето на работните спорови по мирен пат е многу поекономско и побрзо. И работниците и работодавачите имаат помали трошоци и губат помалку време отколку спорот да го водат по судски пат, укажуваат синдикатите и работодавачите.

Досега во Македонија се решени четири работни спорови по мирен пат, а надлежните се надеваат дека работниците и работодавачите ќе го искористат искуството од овие решени спорови и ќе почнат повеќе да го применуваат решавањето на спорот со помирувач. За таа цел се обучени околу 70 лица од кои 40-тина имаат лиценца за работа.

Според претседателот на Организацијата на работодавачи Ангел Димитров, мора да продолжи примената на мирното решавање на работните спорови и да се зголеми свеста кај работниците и кај работодавачите дека ваквиот начин на решавање на одреден спор од работните односи е многу поефикасен и поевтин.

– Активностите за мирното решавање на работните спорови мора сами да ги продолжиме без помош на нашите донатори затоа што не е доволно да се донесе закон, да се изгради една институција или да се едуцираат помирувачи, ако не влијаеме врз свеста на работниците и работодавачите дека мирното решавање на работните спорови е многу поекономично и побрзо за разлика од тоа да се оди на суд, изјави Димитров на денешната завршна конференција на проектот за унапредување на социјалниот дијалог.

Претседателот на ССМ Живко Митрески очекува дека со примената на Законот за мирно решавање на споровите и со обучените арбитри кои им стојат на располагање на работниците и работодавачите драстично ќе се намали бројот на спорови кои сега се решаваат по судски пат.

– Анализите коишто ги правеше ССМ покажаа дека во просек имавме околу 1000 случаи во кои беа ангажирани нашите правни служби, а беа поврзани со решавање на проблематиката за работните спорови. Со оглед на тоа што Законот за мирно решавање на спорови го ставивме повторно во функција и со 70 обучувачи кои имаат лиценци за помирувачи или арбитри, очекуваме дека драстично ќе се намали бројот на вакви спорови. Суштината на донесувањето на Законот и на обуките е да се избегне долготрајното судење, како и судските трошоци и за работниците и за работодавачите, истакна Митрески.

Досега, активностите и кампањите коишто беа насочени кон промоција на мирното решавање на споровите беа финансирани од Европската унија преку проектот за унапредување на социјалниот дијалог, кој беше насочен и кон развој на други компоненти како што се колективното договарање.

Според синдикатите, колективното договарање во некои сектори како што се трговијата, градежништвото и текстилната индустрија се уште не е на задоволително ниво. Како причини за тоа се наведуваат ниско развиената свест за колективно договарање, како и тоа што работодавачите не се организирани во соодветни гранки па синдикатите немаат соодветен партнер за колективно договарање.

– Мора да признаеме дека одреден број на работодавачи не сакаат да има колективно преговарање и затоа во рамки на овој проект го промовиравме Протоколот за социјален напредок кој предвидува и измена на законската регулатива со која ќе се промовира обврска на компаниите кои вработуваат ордеден број работници задолчително да почнат колективно да преговараат. Мислам дека и цензусот којшто ќе биде утврден за потпишување на договори на неопределено работно време, односно минимум 30 проценти од вкупниот број на вработени во индустриските зони, ќе значи уште еден поттик за колективното преговарање, рече Митрески.

За реализација на проектот „Унапредување на социјалниот дијалог“ беа потрошени околу 1,3 милиони евра од страна на Европската унија.

Според директорот на Меѓународната органзиација на трудот за Централна и Источна Европа, Антонио Грациози, во реализацијата на проектот вложени се многу енергија, експертиза и искуство кои се надева дека ќе придонесат за натамошноз големување на довербата и дијалогот меѓу социјалните партнери во Македонија.

Би можело да ве интересира

Трговците се алчни, прво ги зголемија, па ги намалија цените за да им остане истиот профит обвинува ССМ

Се повеќе пари се трошат на храна, минималната кошница за октомври 1000 евра

Трендафилов: Аргументите за пораст на платите се на наша страна, очекуваме сериозно да се разгледуваат на ЕСС

ССМ: Укината е срамната ревизија донесена од тројцата судии

Горан Наумовски

ССМ очекува благо зголемување на минималната синдикална кошничка

Горан Наумовски

ССМ: Борбата за раст на платите не е политичка