Германија бара ЕУ да ги тужи САД пред Светската Трговска Организација

Од:

вропската Унија треба да поднесе пријава против Соединетите Американски Држави пред Светската трговска организација (СТО) по најавите дека Вашингтон ќе воведе царини за увоз на челик од пет земји членки на унијата.

Ова е позицијата на германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел кој како екс министер за економија има искуство со трговски и царински прашања, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Габриел денеска во Берлин изјави дека САД се подготвени да ги прекршат меѓународните трговски правила со тоа што на домашните американски компании ќе им дадат повластена позиција на пазарот на челик.

– Ние Европејците не смееме да го прифатиме тоа. Европската Унија мора да ја разгледа можноста да поведе случај пред СТО. Јас силно се залагам за тоа, вели шефот на германската дипломатија.

Изјавата на Габриел доаѓа откако вчера американскиот секретар за трговија Вилбур Рос најави дека седум неамeрикански производители прекршиле неколку неколку критериуми за за нивото на јаглерод и легури во челичните производи кои што се увезуваат во земјата поради што ќе мораат да платат дополнители давачки во висина од околу 4 до 148 проценти. Доколку најавите од САД станат реалност европските прозиводители на челик ќе станат неконкурентни на американските прозиводители.

Три германски компании според најавите од САД ќе треба да плаќаат екстра давачки од 5,38 до 23 отсто.

Би можело да ве интересира

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати