Уште 15 дена за поднесување даночни пријави до УЈП по електронски пат

Од:

На 15 дена дена пред истекот на рокот за поднесување даночни пријави до УЈП по електронски пат, 1440 фирми не презеле никакви чекори, односно воопшто се немаат регистрирано на системот е-Даноци (https://etax-fl.ujp.gov.mk), соопшти Управата за јавни приходи.

Согласно измените на Законот за даночна постапка донесени во јули годинава, се предвидува сите месечни ДДВ обврзници, почнувајќи од 1 јануари 2013 година, своите ДДВ-пријави и даночни биланси за данокот на добивка задолжително да ги поднесуваат до УЈП по електронски пат преку системот е-Даноци.

Постапката за регистрација за електронско поднесување на даночни пријави е едноставна и трае 10 минути. За да можат фирмите да се регистрираат и да ги користат електронските даночни услуги, треба да поседуваат Интернет, е-Пошта, како и Дигитален сертификат на УСБ токен кој е издаден од некоја од овластените куќи: Македонски Телеком или КИБС.

Доколку фирмите навремено не се прилагодат на новините за електронско пријавување на данок, постои ризик да не можат да го користат системот е-Даноци, а со тоа и да не бидат во состојба навремено да поднесат даночна пријава и да пријават данок од 1 јануари. УЈП потсетува дека законот предвидува високи казни – за неподнесување, односно ненавременото поднесување на даночна пријава во законски предвидениот рок предвидена е глоба која достигнува до 3500 евра во денарска противредност.

Би можело да ве интересира

Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, системот Е-даноци работи забавено

УЈП очекува детали од Министерството за финансии за најавеното намалување на даноци

Констатирани неправилности кај шест даночни обврзници во општина Виница

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Петрова ја презеде директорската функција во УЈП

Елена Петрова нов директор на УЈП, Бобан Николовски на Царинската управа