Основното јавно обвинителство – Тетово врши увид во фабрика во која се затруле над 200 лица

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Тетово, заедно со екипа од СВР Тетово и надлежни инспекциски служби врши увид во фирма лоцирана во слободната индустриска зона, во близина на тетовското село Сараќино.

Имено, утрово од страна на тетовската клиничка болница во СВР Тетово било пријавено дека во болницата се донесени над 200 затруени лица, вработени во фирмата. Според првичните сознанија лицата се затруле најверојатно од храната што ја консумирале околу еден часот по полноќ, додека два часа подоцна ги почувствувале првите симптоми, се жалеле на болки во стомакот, повраќање и вртоглавица.

Повеќето од затруените лица се задржани во тетовската, а дел се префрлени во гостиварската болница, за укажување на соодветна лекарска помош, се вели во соопштението на Основното јавно обвинителство.​

Би можело да ве интересира

ОЈО бара притвор за Богоев, осомничен е дека примил мито од над 111.000 денари

А1он

ИЈЗ: Очекуваме Обвинителството да ги разгледа забелешките од ревизијата

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Левица: Скандалот во Центарот за социјални работи Тетово добива нови димензии

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово

Четворица нови обвинители во Обвинителството за организиран криминал и корупција