САД и Данска заедно ќе ја гарантираат безбедноста во Балтикот и Арктикот

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп и данскиот премиер Ларс Локе Расмусен се договорија да продолжат да работат заедно со сојузниците и партнерите со цел гарантирање на безбедноста на Балтикот и Арктикот, соопшти прес-службата на Белата куќа.

Двајцата лидери изразија желба НАТО да биде подготвенo да се справи со заканите на 21 век.

Трамп побара од Расмусен, Данска да почне да одделува по два проценти од БДП за одбрана, како што се договорија членките на Алијансата.

Данскиот премиер потврди дека земјата има намера од наредната година да ги зголеми расходите за одбрана.

Претходно, Расмусен призна дека данската Влада нема да успее да ги зголеми расходите за одбрана на земјата до два проценти од БДП до 2024 година.

Расмусен и Трамп исто така ја разгледаа и ситуацијата во Авганистан и ја истакнаа неопходноста и понатамошна активна борба со Исламската држава, посочи прес-службата на Белата куќа.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас