Вознијацки против Конта во финалето во Мајами

Од:

Поранешниот прв рекет во светскиот тенис Каролине Вознијацки (Данска) и Британката Јохана Конта ќе играат во финалето на ВТА турнирот во Мајами, САД.

Ова е епилогот по полуфиналните мечеви во кои Вознијацки ја совлада својата имењачка Каролина Плискова од Чешка со 2-1 (5:7, 6:1 и 6:1), додека Конта рано утрово во два сета славеше победа над Венус Вилијамс (САД) со 6:4 и 7:5.

Мечот за трофејот е закажан за утревечер со почеток во 19 часот.

Финалистките со својот пласман во завршницата направија мало изненадување со оглед на тоа што Конта ја имаше улогата на 10-та носителка, додека Вознијацки пред турнирот беше рангирана како 12. фавориот за победа.

Би можело да ве интересира

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех

Рафаел Надал ја заврши кариерата