Отворена Меѓународната изложба на уметничка фотографија „Фото Салон 2017“

Од:

Во Уметничката галерија во Куманово вечерва беше отворена Меѓународната изложба на уметничка фотографија „Фото Салон 2017“, во организација на Фото Кино Клуб „Козјак“.

На изложбата, која се одржува по 11 пат, како што информираше претседателот на клубот, Дејан Ангеловски се пријавиле 371 автор од 56 земји од светот.

– Стручното жири одбра 198 награди во шест категории. Оваа година учесниците можеа да работат на шест теми, портрет, музика, природа, живот, слободна црно-бела и колор фотографија, изјави Ангеловски.

Меѓу наградените има и македонски автори – Сашо Алушевски, Миладин Поповиќ, Татјана Ранташа, Виктор Налевски и Стефан Николиќ, а од кумановскиот клуб наградени се Цветан Гавровски, Филип Илиевски и Стефан Николиќ.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра