(ВИДЕО) Шекеринска: Владата на ВМРО-ДПМНЕ платила документ за закон за јазици и дискусија за националните симболи

Од:

– На веб страницата на Владата на Република Македонија која се уште е предводена од ВМРО-ДПМНЕ стои документ во кој Владата вели дека е потребна измена на Законот за јазици и истата таа Влада на ВМРО-ДПМНЕ бара сеопфатна дискусија за националните симболи, рече Радмила Шекеринска.

Таа нагласи дека додека траат овие дискусии во парламентот и се опструира изборот на претседател на Собранието, приходите во буџетот се паднати за 15 до 19 проценти, а расходите за 13 до 14 проценти.

Шекеринска кажа дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ документот за закон за јазици и сеопфатна дискусија за националните симобли скапо го платила со народни пари.

– Со 170 илјади евра е платен тој документ. Сте ги искористиле парите на граѓаните истиот да се напише и да стои закачен на веб страната на Влада, рече Шекеринска.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски