Четири ракометарки на ЖРК Вардар добија покана да играат за селекцијата на светот, што ќе биде водена од Мартин Амбруш.
Натпреварот е планиран за 21 јуни во Прага во организација на ракометните федерации на Чешка и на Словачка.
Покана за настап на овој егзибициски натпревар добија Амандин Лејно, Јованка Радичевиќ, Андреа Лекиќ и Камила Херем.
Селекцијата на светот би одиграла натпревар против селекција на Чешка-Словачка.
Натпреварот е закажан за втората половина на јуни со цел да завршат сите клупски и репрезентативни обврски на играчите.