Непознати сторители скршиле две прозорски стакла во црква во Туденце

Од:

Штета од околу 2.000 денари претрпела црквата „Света Петка“ во тетовското село Туденце откако засега непознати сторители скршиле две прозорски стакла со димензии 40 х 50 сантиметри, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски. Инцидентот се случил вчеравечер околу 21 часот и 30 минути.

– Според досегашниот тек од преземената истрага, непосредно пред да се случи оштетувањето во близина на црквата било забележано патничко возило со тетовски регистерски таблици, во кое се наоѓале четири до пет лица и кое набрзо се упатило кон Копанце. При полицискиот увид биле фотодокументирани оштетувањата и се работи на откривање на идентитетот на можните сторители и расветлување на сите поединости поврзани со овој случај, рече Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он