Исповест на хакерите: Полесно е да се хакираат избори отколку иБеј

Од:

„Полесно е да се хакира изборен систем отколку иБеј или Сити банка” – тврди Сергеј Павлович, еден од најозлогласените белоруски хакери. Овој сајбер криминалец, на хакерската онлајн заедница е познат под псевдонимот „Policedog”. Тој многу рано станал хакер, уште од својата 20 година и заработува 100.000 долари месечно на измами со кредитни картички.

Веќе во почетокот на 2000-тите години бил една од водечките фигури на руското и источноевропското сајбер подземје. Овој 33-годишен млад човек дава инсајдерски поглед на заедницата која е обвинета дека стои зад агресивните сајбер активности на сметка на Кремељ.

Обвиненијата дека руската влада стои зад наводното хакирање на меиловите на Демократската партија, во корист на кампањата на Доналд Трамп во текот на американските избори, изборниот штаб на Доналд Трамп ги отфрли како неосновани, а Кремљ како аматерски.

Не сакајќи да ги коментира обвиненијата за хакирањето на американските избори, Павлович вели дека денес е се полесно да се пристапи до владини организации благодарение на бројни апликации кои се развиваат секој ден.

„Можете да создадете најсовршен систем на компјутерска заштита, но тој кој има намера тоа да го направи ќе го повика администраторот, ќе смисли некој добар изговор и ќе ја извлече шифрата од него” – наведува тој.

Павлович наведува дека најтешко е да се хакираат системите на комерцијалните банки, системи на онлајн плаќање, процесни центри, мрежи на банкомати, различни локации за чување на податоци заштитени со ПИН кодови, како и големи комерцијални сајтови каков што е иБеј, и тоа „затоа што тие можат да ангажираат високо квалификувани експерти да ги заштитат нивните системи”.

„Ништо од тоа не може да ги спречи руските хакери, кои успеаја да ги хакираат тие работи. Многу од нив сум видел со сопствени очи” – додава тој.

„Тие не работат по инструкции или според некои правила, туку имаат посебен и многу необичен пристап и секогаш наоѓаат начин многу брзо да го хакираат сето тоа” – истакнува Павлович.

Од излегувањето од затвор во 2015 година, Павлович не се занимава со сајбер криминал. Тој вели дека неговите вештини денес се многу послаби од порано во споредба со другите, па затоа смета дека денес може да пробие само во системи на послабо заштитени организации, како Демократската партија.

Со сајбер криминал т.е. со измами со кредитни картички се занимавал од својата 13 година. Денес во својата 33. година, по деценија помината во затвор, води неколку легални бизниси, меѓу кои и превоз на риба и изработка на сувенири.

Би можело да ве интересира

Хакери влегуваат во сметките на граѓаните, над 5.000 измамнички трансакции за една година во Македонија

Агенти на тајната единица 29155 вршат сајбер напади во земји членки на НАТО и ЕУ

Загреб: Хакерите ги оставија пациентите без зрачење, а сега се уште бараат откуп за украдените податоци

Горан Наумовски

Руски хакери нападнаа хрватски институции: „Одамна не сме ја посетиле Хрватска“

Предраг Петровиќ

КБЦ Загреб: Не нападнаа хакери, моравме се да исклучиме

Горан Наумовски

Хакери се одмаздиле за смртта на Навални

Горан Наумовски