По повод Деновите на чешката култура во холот на ООУ „Јан Амос Коменски“, отворена е ликовна изложба со творби од талентирани македонски ученици кои учествуваа на Меѓународниот детски ликовен центар „Лидице“.
Чешкиот амбасадор во Македонија Мирослав Рамеш го посети училиштето по повод изложбата, а од најмладите ученици доби рачно изработени подароци. Соработката помеѓу Чешката амбасада и училиштето е долгогодишна традиција.
Во текот на неделата ќе се реализираат и работилници за учениците од одделенска и предметна настава од страна на лектор по чешки јазик од УКИМ, Здењек Андрле. Целта на работилниците е да се презентира природната убавина на Република Чешка, нејзините знаменитости, чешкиот јазик, музиката, танцот и културата.
Изложбата со ликовните творби ќе биде ќе може да се погледне оваа недела.