Францускиот претседател Франсоа Оланд во телефонски разговор со британската премиерка Тереза Меј денеска изјави дека преговорите за Брегзит треба прво да се фокусираат на тоа на кој начин Обединетото Кралство ќе ја напушти Европската Унија, а дури потоа да бидат дефинирани идните односи со блокот, се вели во соопштение на Елисејската палата.
– Преговорите треба да се водат на јасен и конструктивен начин, да се расчистат сите нејаснотии и потполно да соодветствуваат со правилата и интересите на 27-те земји членки на ЕУ, гласи ставот на Оланд.
„Претседателот посочи дека прво треба да са преговара за условите околу излезот (од ЕУ), прво да се решат прашањата за правата на граѓаните и одговорностите што произлегуваат од обврските преземени од страна на Обединетото Кралство… Во зависност од постигнатиот напредок, можеме да започнеме дискусии за рамките на идните односи меѓу Обединетото Кралство и ЕУ”, стои натаму во соопштението, пренесува БТА.