Општина Штип достави 18.000 решенија за данок на имот

Од:

Општина Штип до 15 март до граѓаните и фирмите достави околу 18.000 решенија за наплата на данок на имот, информираше на денешната прес-конференција, Драган Ристов портпарол на Општина Штип. Апелира до оние граѓани кои немаат добиено годишни решенија за данок на имот за 2017 година, да се јават во Општина Штип и да го побараат своето решение.

– Ние и порано апелиравме до граѓаните, секоја промена во имотната состојба да ја пријават во општината за да може навреме да се преземат активности за точно утврдување на носителот на имотот како и на сите други податоци, вклучително и на оние кои немаат добиено решенија за да можат да си го платат данокот на имот. Со тоа навреме ќе добијат решение и ќе се избегне можноста при подоцнежна евиденција да плаќаат и камати. Доколку утврдиле грешки во личните податоци, ги замолуваме да се јават во општината со цел да се направат корекции, вели Ристов.

Тој забележа дека средства кои се прибираат на име данок на имот, повторно се враќаат кај граѓаните преку инвестиции во локалната инфраструктура, градење на улици, тротоари, водоводи, канализациски мрежи, спортски игралишта.

– Лани се собрани вкупно околу 36 милиона денари по основ на данок на имот од кои 21,3 милиони се од граѓаните или физичките лица, а над 14 милиони од правните лица. Значи наплатата е некаде околу 90 отсто или 5-6 отсто повеќе од лани. Кај граѓаните се уште имаме должници, не само за данок на имот за 2016, туку за некоја од последните години за што им е пресметано и камата, додека правните лица 100 проценти го платиле данокот на имот за 2016 година, рече Ристов.

Тој додаде дека финансиската дисциплина на граѓаните е на завидно ниво, за споредба во 2012 година наплатата до ноември била околу 55 отсто, а во последните осум години наплатата на данокот на имот е од 88 отсто.

Би можело да ве интересира

Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо

Во штипско Ново Село одбележани 101 година од убиството на Тодор Александров

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

Уапсени тројца штипјани, криеле автоматски пушки и муниција

Горан Наумовски

65-годишна штипјанка со нож го ранила шест години постариот сопруг

Горан Наумовски

54-годишен штипјанец со нож си ја убил мајката

Горан Наумовски