Градоначалникот Андреј Жерновски на средба со австриски инвеститори во Виена

Од:

Градоначалникот Андреј Жерновски продолжи со официјалната посета на Австрија. Во Виена се сретна со челниците на австриската економска комора.

Австрија е втор инвеститор во Македонија и многу важен партнер во трговската размена.

Средбата со високи претставници на австриската економска комора е многу важен чекор во продлабочувањето на австриско-македонската соработка. Потенцијалните инвестиции ќе бидат од особено значење не само за Центар како општина, туку и за целата македонска економија.

На средбите се дискутираше и околу актуелните политичко-економски случувања во Македонија. Беше договорено, по формирањето на стабилна влада, да се реализира посета на автриски компании во Македонија и претставување на македонските компании во Австрија.

Во Линц, центарот на австриската економија, градоначалникот на општина Центар разговараше со водечките личности на градот.

Попладнево, градоначалникот Жерновски ќе има и интервју за престижниот австриски дневен весник, Die Presse.

Со денешните средби, Жерновски завршува со службената посета на Австрија.

Вчера, тој оствари средба со градоначалникот на Виена, Михаел Хаупл, на која, се разговараше за можностите добрите практики од Виена да се воведат во Центар, се вели во соопштението на општина Центар.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории