Новиот „Кит-Кет“, којшто ќе биде пуштен в продажба седмицава и за кој производителите велат дека е „покорисен за здравјето“, содржи само четири калории помалку од сегашните чоколадни прозводи од овој бренд, пишува „Дејли Телеграф“.
Новото чоколатце ќе содржи помалку шеќер, но повеќе млеко и какао, според мерките на компанијата Нестле да ги направи своите производи помалку штетни, по препорака на надлежните за здрава исхрана. Моментно, слатките содржат 22 грама шеќер, а новото – наречено „Повеќе млеко, повеќе какао“ (More Milk More Cocoa), ќе има 21.3 грама, или „во превод“ – 209 калории, само четири помалку од сегашното, коешто има 213 калории.
Според официјалните здравствени препораки, мажите треба да внесуваат најмногу 2.500 калории дневно, а жените уште помалку. Тоа значи дека прехранбените компании треба да го намалат количеството шеќер за 20 насто до крајот на десетлетието. Претставник на големите компании, како што се Maрс, Кедбери, Нестле и Keлогс изјави дека тоа сепак, е тешко изводливо…