Американката Венус Вилијамс се пласира во полуфиналето на ВТА турнирот во Мајами откако ноќеска со 2-0, ја совлада Анџелика Кербер (Германија) која во моментов е прва на светската рејтинг листа.
Вилијамс првиот сет го доби со 7:5, а во вториот беше 6:3.
Противничка на Вилјамс во финалето ќе биде Јохана Конта (Велика Британија) која во претпоследното четвртфинале беше поуспешна од Симона Халеп (Романија) со 2-1 (3:6, 7:6 и 6:2).
Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Каролине Вознијацки од Данска и Каролина Плискова од Чешка.