Група граѓани од населбата „11 Октомври“ денеска го блокираа сообраќајот на булеварот „Борис Трајковски“ барајќи од надлежните институции мирен, безбеден, чист и урбан живот во еколошки чиста средина како сите граѓани на Република Македонија.
Иницијаторите на мирниот протест велат дека станува збор за проблеми кои првенствено се негативен пример за нивните деца како на пример дишење лепак од страна на децата кои слободно влегуваат во приватни дворови при што вршат и кражби, секоја вечер палат пластични материи од кои не се во можност да дишат, или излезат во дворовите. Наведуваат дека зачестени се нарушувањата на јавниот ред и мир со пуштање гласна музика до доцните вечерни часови од кои причини повеќе пати известувале во Урбаната Заедница „11 Октомври – бараки“ како и Полициската станица „Кисела Вода“.
Наведуваат дека мирниот протест ќе го одржуваат додека не се преземе нешто од надлежните и локалната самоуправа.
Тие информираат дека за проблемот се доставени две петиции до Општина Кисела Вода и известување до Министерство за труд и социјална политика.