Сметам дека Брегзит ќе биде болен процес за Британците, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд по повод официјалниот почеток на процедурата за излез на Велика Британија од ЕУ.
Тој за време на својата посета во Индонезија истакна дека Брегзит „ќе ја задолжи Европа да се движи напред, несомнено со различни брзини“.
– Значителниот долг на Велика Британија кон ЕУ ќе е едно од најтешките прашања за време на преговорите за Брегзит, нагласи австрискиот канцелар Кристијан Керн.
Керн објасни дека „доколку се има предвид информацијата оти Британците се уште и должат на Унијата околу 60 милијарди евра, тогаш тоа ќе биде тешка борба“.