Женската ракометна репрезентација во 3. „шешир“ во квалификациите за ЕП 2018

Од:

Женската ракометна репрезентација на Македонија е рангирана во третиот „шешир“ за извлекувањето на групите за квалификациите за Европското првенство што во 2018 година ќе се одржи во Франција. Покрај Македонија во овој „шешир“ се наоѓаат и селекциите на: Словачка, Словенија, Украина, Австрија, Белорусија и Турција.

Во првиот „шешир“ се селекциите на: Норвешка, Холандија, Романија, Данска, Шведска, Шпанија и Црна Гора, додека во вториот се: Русија, Германија, Полска, Унгарија, Србија, Чешка и Хрватска.

Во четвртиот „шешир“ се наоѓаат селекциите на: Италија, Исланд, Литванија, Португалија и Швајцарија, како и двете првопласирани селекции од групите од претквалификациите.

Извлекуваењето на групите ќе се одржи на 21 април во Париз. Репрезентациите ќе бидат поделени во седум групи по четири селекции, а пласман на шампионатот ќе обезбедат двете првопласирани селекции од секоја група и најдоброрангираната трета репрезентација од седумте групи.

Директен пласман на ЕП има обезбедено само домаќинот Франција.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска