Во Виена, средба на градоначалниците Жерновски и Хаупл

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска во Виена се сретна со градоначалникот на главниот град во Австрија, Михаел Хаупл.

Средбата се реализираше на покана на градоначалникот на Виена, град кој е прогласен за „смарт сити“ во 2011 година. Виена има највисоки стандарди заекологија и зачувување на ресурсите, проекти за вклучување граѓаните, како ипроекти за образование и технолошки иновации. Градоначалниците разговараа околу можностите за блиска соработка помеѓу општина Центар и Виена и пренесување на добрите пракси.

На средбата стана збор и за актуелната политичка ситуација во земјата, особено по развојот на најновите настани и по посетата на еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан и тројцата европратеници.Двајцата соговорници искажаа јасна заложба за итно формирање на влада, за да можат да се откочат демократските процеси во државата, нормално функционирање на институциите, што ќе придонесе и за стабилизирање и развој на економијата.

Разменети се мислења и за можните реперкусии од нераспишување на локалните избори, нивно евентуално пролонгирање и како тоа ќе се одрази врз локалната самоуправа во Македонија, а особено во функционирањето на општина Центар.
Михаел Хаупл е градоначалник на Виена од 1994-та година и е член на Социјал-демократската партија, која ужива најголем углед и доверба во главниот град на Австрија.

Хаупл меѓу другото, од 2004 – 2010 ја извршува функцијата претседател на Советот на и општините и регионите при Советот на Европа.

Истотака, беше договорено општина Центар да ги престави можнстите за инвестирање пред австриски компании и инвеститори, се вели во соопштението на општина Центар.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски