ВИДЕО: Кој им ги пишува репликите и контра репликите на ВМРО-ДПМНЕ?

Од:

Испечатени листови со реплики и контра реплики, кои буквално почнуваат со зборовите „Почитуван претседавач“, „Почитуван Димовски“ дадени на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кои денеска повторно треба да зборуваат и да ја узурпираат собраниската говорница.

Вакви листови камерата на А1он забележа пред Иван Стоилковиќ, Стојан Миланов, Васил Пишев, Владанка Авировиќ и кај речиси сите останати пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

ВМРО-ДПМНЕ веќе трет ден ја узурпира говорницата со што прави невозможно да се изгласа Комисијата за избори и менување и да се премине на четвртата точка, односно избор на претседател на Собранието.

Тие цело време се повикуваат на демократија иако нивниот однос е далеку од тоа, како и на Деловникот, кој во три дена го прекршија безброј пати.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски